ВАРДАР ТРЕБА ДА ОЧЕКУВА ГОЛЕМА ПОДДРШКА И ПОЛНА САЛА

Блок влезници за СЕХА фајнл-фор турнирот за само 300 денари

Завршницата на регионалното натпреварување е од 13 до 15 април, а мечевите ќе се играат во „Јане Сандански“

објавено: 22 март 2018 - 10:45

Од денеска, започнува продажбата на блок билети за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански" од 13 до 15 април. Во пeриодот од 22 март до 1 април 2018 година ќе се продаваат блок билети за двата натпреварувачки денови и тоа по цена од 300 денари.

Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.

Цени на блок билети за 13.04 - 15.04:

Блок - 13,14 - 300 денари
Блок - А5, А6 - 300 денари,
Блок - А1, А4 - 200 денари

Саатници на натпреварите
петок, 13 април

Вардар - Мешков 17,45 часот

ППД Загреб - Целје 20,15 часот

недела, 15 април

меч за 3 место - 17,45 часот
финале - 20.15 часот

Вардар е актуелен бранител на тронот во регионалното натпреварување, а и прв фаворит за трофејот сезонава. 

Најново во Ракомет