Утре ќе се знае дали ќе продолжат

Бојкот, или не - Словенците утре одлучуваат каква ќе им биде судбината на ЕП

Словенците утре во 15 часот ќе донесат одлука, дали ќе го продолжат настапот на Европското првенство во ракомет

објавено: 16 јануари 2018 - 22:37

Словенците утре во 15 часот ќе донесат одлука, дали ќе го продолжат настапот на Европското првенство во ракомет.

Од таму е најавено дека главните луѓе во ракометот во оваа земја и членови на претседателството на сојузот ќе донесат одлука. Можен е и бојкот, по контроверзниот финиш и ремито со Германија, вчера.

Словенците жолчно протестираа, по исклучувањето на Благотиншек во последните моменти и досудениот пенал за Германија, по кој актуелните европски прваци израмнија на 25:25.

Најново во Ракомет