МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР ЖАЛИ ЗА „КОЦКЕСТИТЕ“

Червар ги искара Хрватите: Заморот не е алиби, сите се уморни

Кога сте слушнале дека Карабатиќ се жали дека е уморен, рече Лино, кој хрватските медиуми го најавуваат дека може повторно да се врати на селекторското место 

објавено: 30 јануари 2017 - 10:55

Најголем трагичар на ракометното Светско првенство во Франција е Хрватска. Тоа е селекцијата која загуби два неверојатни меча и останаа без медал. „Коцкестите“завршија на четвртото место, откако во два неверојатни дуели загубија од Норвешка и Словенија и на крајот го освоија четвртото место.

Поради овој пласман, се очекува селекторот Жељко Бабиќ да добие отказ, а на негово место да се врати токму Червар. Лино, моментно е на чело на македонската репрезентација, но за хрватски медиуми даде свое видување, за тоа што се случи со „коцкестите“, со кои тој има освоено дури шест златни или сребрен одличја на големи натпреварувања.  

„Знам дека не е коректно да се правам паметен и да бидам генерал после битка, но морам да бидам искрен и ќе кажам дека не бевме внимателни. Тоа е факт. Знам дека на играчите сега им е најтешко, но тоа мора да се признае. Не можам да објаснам како може да се пропушти таква предност“, вели Червар, кој на светските првенства има едно злато (Португалија, 2003 година) и две сребра (Тунис, 2005, Хрватска 2009). 

Червар не сакаше директно да каже ништо околу шпекулациите дека може повторно да седне на клупата на „коцкестите“, но затоа вели дека никој не смее да се жали и алибито да го бара во заморот. 

„Немаме право да се повикуваме на заморот. Како е за нас, така е и за другите. Мора да се прекине со тоа дека заморот е виновен. Кога сте слушнале дека Никола Карабатиќ е уморен и дека не може да игра? Не загубивме поради заморот, туку паднавме на психолошки план“, објасни Червар, во дел од анализата дадена за играта на хрватската репрезентација. 

 

Најново во Ракомет