ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР ЈА СЛЕДИ ФОРМАТА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

Червар го пречека Вардар во Загреб

„Црвено-црните“ гостуваат на хрватскиот првак, во рамките од седмото коло од Лигата на шампионите

објавено: 11 ноември 2017 - 20:03

Лино Червар официјално уште се води како тренер на Металург, но негова главна преокупација е хрватската репрезентација. Тој е во Загреб, што му се погоди одлично за да може во живо да ја види формата на репрезентативците на „коцкестите“, кои ги има во редовите и на домашниот Загреб, но и кај Вардар. 

Дури тројца играчи кои треба да ја имаат главната улога во составот на „коцкестите“ вечерва се во дресот на актуелниот македонски, регионален и европски првак Вардар. Игор Караџиќ, Лука Циндриќ и Иван Чупиќ се вардарците кои се европски клупски прваци, а Червар е се обиде на почетокот на следната година да ги одведе до континенталниот трон и во репрезентативниот дрес. 

Хрватска е домаќин на ЕП 2018 година, на кое ќе учествува и Македонија.

Најново во Ракомет