ХРВАТОТ ДОАЃА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ И НА КЛУПСКИ ПЛАН

Червар ќе бара да не ги доработи последните два месеци со Металург

Лино денеска беше промовиран во нов селектор на хрватската фудбалска репрезентација

објавено: 18 март 2017 - 13:58

Лино Червар веќе е историја за македонскиот ракомет. Хрватскиот стратег кој пред два месеци ја предводеше репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Франција, сега е предводник на селекцијата на Хрватска. 

Червар денеска беше промовиран како селектор на „коцкестите“ и ќе има задача да ја одведе репрезентацијата до златниот медал на Европското првенство 2018 година. Беше потврдено дека потпишал едногодишен договор.

На промоцијата, Червар најави дека дошло време да се врати дома, а потенцираше дека во Македонија поминал седум убави години. Од РФМ го прифатија барањето на Червар за заминување од репрезентацијата, но останува нејасно дали ќе добие раскин на договорот и од тимот на Металург, каде е тренер неколку години.

„Вечерва патувам за Скопје. За утре имам договорено состанок со луѓето од клубот и тогаш ќе видиме како ќе биде. Може да се договориме за веднаш да ја прекинеме соработката или следните два месеци да ги одработам до крајот“, рече Червар.

 

Најново во Ракомет