ХРВАТОТ ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ БИДЕ „ЦРВЕНО-ЦРН“

Циндриќ: Со Вардар ги остварив детските соништа

Лука верува дека следната работа е да се радува на титулата во СЕХА Лигата

објавено: 8 април 2018 - 20:12

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за следниот викенд, кога е фајнл-фор завршницата во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ се бранители на трофејот, а сезонава ќе бидат и домаќини на завршницата. Со 17 победи од 18 меча, Вардар е апсолутен фаворит за одбрана на тронот. 

Лука Циндриќ со 55 погодоци во досегашниот дел од регионалната лига беше втор стрелец кај шампионот. Хрватот вели дека откако дошол во Вардар, му се оствариле и детските соништа. 

„Дел од моите детски соништа ми се остварија. Сакав да дадам решавачки гол против голем ривал и тоа ми се случи против Барселона на фајнл-форот во Келн. Потоа многу напредував во играта и добивав се поголема самодоверба. Последната година беше година на моите соништа. Во многу краток период освоив многу награди“, вели Циндриќ, кој додава дека е многу важно што завршницата на СЕХА лигата е во Скопје и Вардар ќе ја има поддршката од домашните навивачи. 

 

Најново во Ракомет