Ќе бидат незгоден ривал

Црногорците се тврд орев, иако загубија од Хрватска

Црна Гора загуби со 22:25 од Хрватска во пријателски меч во Сплит, но покажа дека ќе биде тврд орев за ривалите на ЕП, меѓу нив и за Македонија

објавено: 5 јануари 2018 - 22:14

Црна Гора загуби со 22:25 од Хрватска во пријателски меч во Сплит, но покажа дека ќе биде тврд орев за ривалите на ЕП, меѓу нив и за Македонија.

Црногорците ќе ни бидат противници во првата фаза и со нив ќе играме на 15. јануари во второто коло од натпреварите во Ц групата.

Вечерва во „Спаладиум“ арена во Сплит Хрватска беше подобра и славеше со 3 гола разлика.

Кај Црногорците кои добро се држеа во мечот против домаќинот на ЕП и еден од фаворитите за титулата прв  стрелец беше Шеваљевиќ со 6 гола. По 3 постигнаа Вујовиќ и Божовиќ. Штрлек бепе прв стрелец кај Хрватите со 5 погодоци.

 

 

Најново во Ракомет