ИАКО ПРЕД 20-ТИНА ДЕНА БЕШЕ РАСПРОДАДЕН „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

ДА БЕШЕ САЛАТА И СО 15.000 ГЛЕДАЧИ, ДЕНЕСКА ЌЕ БЕШЕ ПОЛНА: Едни уште бараат билети за Вардар - Кил, други ги продаваат за повисока цена

На фејсбук интензивно се нудат влезници за последниот дуел на овој Вардар во елитната Лига на шампиони пред своите гледачи

објавено: 29 април 2018 - 14:40

Неверојатен е интересот за последниот меч на Вардар во Лигата на шампиони за оваа сезона на домашен терен. „Црвено-црните“ го пречекуваат германскиот Кил, а целта е единствена. Вардар повторно да игра на фајнл-фор турнирот во Келн. 

Уште пред 20-тина дена салата „Јане Сандански“ беше распродадена, но и покрај тоа, голем дел од навивачите уште се надеваат дека може да стигнат до вредното парче хартија, кое им носи привилегија во живо да го проследат дуелот. 

На фејсбук интензивно се нудат влезници за последниот дуел на овој Вардар во елитната Лига на шампиони пред своите гледачи, а има и многумина кои сакаат да купат влезница, дури и по повисока цена, само да бидат дел од „вулканот“ во Аеродром. 

 

Најново во Ракомет