ПО СТАПКИТЕ НА РАУЛ ГОНЗАЛЕС

Давид Дејвис растура на македонски (Видео)

Новиот тренер на женскиот тим на Вардар покажа како добро го владее македонскиот јазик

објавено: 3 ноември 2016 - 20:07

Давид Дејвис Камара денеска беше промовиран во нов предводник од клупата на женскиот тим на Вардар. Челниците на ЖРК Вардар реши да му даде шанса на Камара, кој подолго време работеше и како помошник тренер на Индира Кастратовиќ.

На прес конференцијата, Девис Камара покажа завидно познавање на македонскиот јазик. Некогашниот шпански репрезентативец реши да збори на македонски и покажа дека за овие две и пол години, колку што е во Скопје, одлично го запознал нашиот јазик. 

Дејвис Камара не е првиот Шпанец кој покажа дека го совладал нашиот јазик. Тренерот на машкиот тим на Вардар, Раул Гонзалес веќе е препознатлив по тоа дека на сите прес конференции зборува на македонски јазик. Ист е случајот и со шпанските интернационалци во тимот на Вардар.

Едноставно, шпанската колонија во Вардар, покажа дека одлично го владее и македонскиот јазик. 

Најново во Ракомет