ПО ЖДРЕПКАТА ЗА МЕЧЕВИТЕ ОД ПЛЕЈ ОФОТ

Дербито Вардар - Металург оставено за крајот на првенството

Во плеј офот покрај Вардар и Металург се уште и екипите на Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Пролет. Ќе се играат десет кола и првак ќе биде онаа екипа што ќе освои најмногу бодови

објавено: 20 март 2018 - 11:29

Одбраната на титулата во домашното првенство ракометарите на Вардар ќе ја почнат на гостински терен во Охрид викендов. Ждрепката за двојките сакаше дербито на македонското првенство меѓу Вардар и Металург да се игра во 5. и во последното, 10. коло.

Во плеј офот покрај Вардар и Металург се уште и екипите на Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Пролет. Ќе се играат десет кола и првак ќе биде онаа екипа што ќе освои најмногу бодови.

Распоред на натпревари од плеј-оф

1 коло (24/25.03): Охрид - Вардар
2 коло (31.03-01.04): Вардар - Еурофарм Работник
3 коло (14/15.04): Пелистер - Вардар
4 коло (28/29.04): Пролет - Вардар
5 коло (05/06.05): Вардар - Металург
6 коло (09/10.05): Вардар - Охрид
7 коло (12/13/05): Еурофарм Работник - Вардар
8 коло (23/24.05): Вардар - Пелистер
9 коло (26/27.05): Вардар - Пролет
10 коло (02/03.06): Металург - Вардар

Најново во Ракомет