И ПОКРАЈ ПОБЕДАТА, ВАРДАРКИ ДОБИЈА ЛЕКЦИЈА ОД ТРЕНЕРОТ

Дибирова: Не смее да има опуштање

„По десетте гола разлика на првиот меч, моите ракометарки беа малку опуштени. Се виде добро дека мораме да одиграме добро на сите средби“, рече предводничката на Вардар од клупата

објавено: 4 ноември 2017 - 19:16

И покрај победата над Ларвик, стратегот на Вардар, Ирина Дибирова имаше забелешки. Предводничката на вардарки од клупата, вели дека на овој меч се покажало дека никогаш не треба да се потцени противникот и да нема опуштање, бидејќи сите мечеви во Лигата на шампионите се тешки, а противниците знаат да бидат опасни.

„И пред мечот велев дека мора да бидеме претпазливи, бидејќи Ларвик има одлични ракометарки кои имаат добар шут од дистанца и опасен контра напад. По десетте гола разлика на првиот меч, моите ракометарки беа малку опуштени. Се виде добро дека мораме да одиграме добро на сите средби. Мора да бидеме максимално ангажирани против секој ривал. Така треба да биде и на следната средба против ФТЦ во Унгарија", изјави Дибирова по мечот прптив Ларвик.

Најново во Ракомет