ЗАДОВОЛСТВО ОД ИГРАТА ПОСЕБНО ВО ПРВИОТ ДЕЛ

Дибирова: Првите 30 минути беа перфектни

„Секогаш мора да бидеме добро подготвени за противник како што е Будуќност“, вели тренерот на вардарки

објавено: 10 февруари 2018 - 17:08

Задовоство на лицето на стратегот на Вардар, Ирина Дибирова можеше да се види по победата над Будуќност. Вардарки уште во првото полувреме се стекнаа со двоцифрена предност и беше јасно дека нема да има никакво изненадување на овој меч. 

„Моите ракометарки во првото полувреме одиграа перфектно. Добро се подготвувавме за мечот, бидејќи сите знамеме дека против Будуќност ќе биде тешко. Добро е што победивме, а сите играчи останаа здрави. Сега ќе се подготвуваме за следните средби“, рече Дибирова по дуелот со Будуќност. 

Најново во Ракомет