ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ПОДМЛАДИЈА И „ПОРАСНАА“

207 сантиметри висок Србин ќе игра во Прилеп

Лука Карановиќ претходно настапуваше во Унгарија...

објавено: 21 август 2017 - 12:50

Тимот на Прилеп веќе се подготвува за настапот во претстојната сезона во Суперлигата, а покрај тоа активно работи и на делот засилувања. Во однос на минатата сезона тимот остана без услугите на грузискиот репрезентативец, Теимураз Орјонокидѕе, кој се пресели во Пелистер, а прилепчани нема да сметаат ниту на голманот Огнен Трајковски.


Едно од новите засилувања е 19-годишниот српски десен бек, Лука Карановиќ. Тој доаѓа од унгарскиот шампионат, од екипата на Цегледи, каде не добиваше голема минутажа, но препораките за него се одлични, па Прилеп би требало да има корист од неговиот ангажман.
Нови имиња во составот на тренерот Ице Соколески се и доскорешното десно крило на Пелистер и поранешен репрезентативец на Македонија во младинските категории, Пеце Рајатоски, како и поранешниот голман на Еурофарм Работник, Мартин Јовановски, кој имаше неколку одлични партии на голот на битолскиот тим во дуелите од плеј-офот минатата сезона.

Најново во Ракомет