ЕКС-РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ Е СЕРИОЗЕН ВО СВОИТЕ НАМЕРИ

Андон Бошковски ќе го предводи тимот на Мојсовски?

Некогашниот репрезентативец, Наумче Мојсовски направи уште еден чекор напред кон исполнување на плановите, враќање на стариот сајај на расадникот на ракометари Струга.

објавено: 20 април 2018 - 11:00

Наумче Мојсоски по кратка пауза се врати на ракометот, но овој пат со поинаква улога. Некогашниот македонски репрезентативец застана на чело на Струга и најави дека неговата цел е да го врати стариот сајај на тимот. Првичната цел на Мојсовски е клубот да игра во Супер-лигата, каде засега добро чекори. 

А колку е сериозен во своите намери, говори и информацијата до која дојде „Спортмедиа“, во моментов претседателот на тимот од Струга е во преговори со Андон Бошковски. Македонскиот стратег кој е селектор на Грузија е прв на листата на желби на Мојсовски.

Расадникот на македонски репрезентативци во моментов се наоѓа на третото место на табелата во Првата лига зад Металург Јуниор и Бутел Скопје, и ќе има тешка задача да стигне до суперлигашки статус.

 

 

 

 

Најново во Ракомет