МЕТАЛУРГ СЕ ЗАСИЛИ

Анте Токиќ пристигна на „Автокоманда“

Младиот 23-годишен хрватски ракометар игра на позицијата десно крило

објавено: 14 јули 2017 - 18:13

Анте Токиќ е нов играч на екипата на Металург. македонскиот вицепрвак потпиша договор со 23-годишниот перспективен играч од Хрватска. Токиќ е поранешен кадетски и младински репрезентативец, а годинава влезе и во сениорскиот состав. сепак во конкуренција на Златко Хорват и Иван Чупиќ, тој не може да биде во составот на „коцкестите“. 

"Металург е големо име во европскиот клупски ракомет и долги години е дел од Лигата на шампионите. Тоа е тим што никогаш не се предава, па така Металург во минатата сезона беше еден од ретките што успеале да го поразат Вардар, а тоа многу кажува за карактерот на мојот нов клуб. Во Металург дојдов за да направам чекор напред во мојата спортска кариера, а особено задоволство ми претставува можноста да заиграм во две исклучително силни лиги, какви што се Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. Но, една од најважните причини за моето доаѓање во Скопје е Лино Червар, од кого во следните две сезони очекувам да научам многу за спортот со кој се бавам", изјави Токиќ за сајтот на РК Металург. 

Токиќ потпиша двегодишен договор со тимот од „Автокоманда“. 

 

Најново во Ракомет