Прва лига( жени)

Битолчанки убедливи против Овче Поле (ФОТО)

Екипата на Пелистер ја забележа втората победа сезонава, откако на домашен терен го совлада Овче Поле со 32-25 (16-11).

објавено: 29 октомври 2016 - 15:50

Екипата на Пелистер максимално ја искористи предноста на домашен терен. Битолчанки ја забележаа втората победа сезонава, откако го совладаа Овче Поле со 32-25 (16-11) во рамките на 7. коло од Првата женска лига.

Моника Талевска со 12 погодоци (пет од пенал) и Ивана Ѓорѓиоска со осум погодоци беа најефикасни кај победникот. Покрај нив добра играа прикажаа Голицоска, Тасевска и Јанкуловска, кои постигнаа по три гола.На другата страна Драјан Стојановски запиша осум погодоци.

Најново во Ракомет