ПО ПОВЕЌЕГОДШНО ОТСУСТВО ОД ЕЛИТАТА

Борец се враќа во машката ракометна Супер лига

Ракометарите на Борец од Велес следната сезона ќе играат во Супер лигата откако во бараж средбата во Скопје, на неутрален терен го победија текстилец со 27-23 (9-13).

објавено: 15 јуни 2015 - 21:38

Велешани по неколкугодишно отсуство пак се враќаат во елитата, и заедно со Вардар јуниор се новите членови на најдобрата лига. Борец во 1994 година беа победници на Купот на Македонија, а следната 1995 прваци. Потоа следуваше период на стагнација, просечни резултати и испаѓање од лигата.

Првото полувреме во СРЦ Кале не оддаваше впечаток дека велешани ќе бидат победници, бидејќи Текстилец имаше предност од 13-9. Потоа во вториот дел дојде целосен пресврт, и откако „домаќините" прво израмнија на 19-19, прво преминаа во водство и истото го зголемија на 25-21, со што најавија дека тие ќе се радуваат на крај.

Зоран Стојановски со 9 гола, и Ивица Лазаревски со 8 беа најефикасните во редовите на Борец. Кај Текстилец, Марјан Савев со 7 и Оливер Пешовски со 8 неа најпрецизни.

 

Најново во Ракомет