НОВ МОМЕНТ ОД ВЕЛЕС

Борец сепак ќе ги доигра последните два меча од оваа година

Велешките ветерани најдоа решение, ќе се дoиграат следните натпревари, а потоа заедно со Општината ќе се разговара за иднината на клубот. 

објавено: 7 декември 2018 - 17:51

РК Борец пред една недела поради финансиски проблеми одлучи да се откаже од настап во Супер-лигата. Но, ветераните на клубот денеска соопштија дека ќе се одиграат последните натпревари од календарската година со што ќе се избегне исфлрањето во најнизок ранг, а потоа заедно со Општината ќе се обидат да најдат решение за иднината на тимот.

Борец во супер-лигашкото друштво по 11 кола нема ниту една победа, а до крајот ќе играат со младинци. 

Следниот меч од Суперлигата, Борец ќе го игра утревечер од 19:00 часот во спортската сала „Гемиџии" против Пелистер.

 

Најново во Ракомет