Читајте меѓу редови

Червар порача: Металург нека си бара нов тренер

„Таму минав одлични седум години. Ќе видам уште колку време ќе седам на клупата на Металург, Македонија ќе остане убаво сеќавање“, изјави за „24.сата“ Лино Червар. 

објавено: 17 март 2017 - 10:50

Се гледа крајот на приказната Лино Червар и Металург. Хрватскиот стратег пред да дојде во Скопје за „24.сата“ меѓу редови ги кажа своите планови со тимот од Автокоманда. Червар и овој пат во стилот на големите политичари даде одговор на прашањето што ќе биде со Металург.

„Таму минав седум години. Ќе видам колку време ќе седам на клупата на Металург, Македонија ќе ми остане убаво сеќавање. Не е лесно да си заминеш, но сепак дома е најубаво“, рече Червар.

Според најавите искусниот стратег по промоцијата на селекторското место на Хрватска која е закажана за сабота треба да се врати во Скопје и да даде одговор на прашањето околу неговиот статус во Металург. 

 

Најново во Ракомет