Тимот од „Автокоманда“ ќе мора да бара нов тренер

ЧЕРВАР: Разделбата пуста да остане

Лино Червар специјално само за хрватските медиуми одлучи да прозбори за разделбата со Македонија, но и ситуацијата со Металург.

објавено: 15 март 2017 - 11:45

Лино Червар немаше доблест да излезе пред македонските медиуми и отворено да зборува за разделбата со Македонија. По сооптешнието испратено до РФМ, искусниот стратег целосно се затвори за нашата јавност, но затоа одлучи да ги испочитува нашите колеги од Хрватска. Нешто на коешто во изминатиот месец бевме навикнати.

Червар за „Јутарни.хр“ прозбори за раздебалата со Македонија, но и ситуацијата со Металург. Откако му „падна камен од срцето“ со одлуката да се врати на „кормилото“ на хрватската репрезентација, тој вели дека со тимот од Автокоманда ќе оди многу полесно.

„Мислам дека сè коректно направивме. Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата 'домовина', го кажав тоа и во Македонија, која ме задолжии верувам дека ќе останеме во одлични релации", изјави Червар, кој на прашањето како ќе оди ситуацијата со разделбата во Металург, тој одговори.

„Ма, тоа ќе оди многу полесно, иако приказната е слична. Тука нема големи проблеми", рече искусниот стратег.

Неофицијално  Лино се подготвува да се врати назад со екипата која во сабота треба да пристигне од Пореч во Скопје. Останува да видиме дали навистина ќе дојде во Скопје или како што велат Хрватите в петок треба да пристигне во Загреб.

 

Најново во Ракомет