Тимот од Битола не застанува со засилувањата

Работник се засили и со Чутура

Довчерашниот член на Шартр ќе биде најново име во битолскиот тим кој продолжува со засилувањата

објавено: 10 ноември 2016 - 14:22

Давор Чутура е најновата аквизиција на суперлигашот Еурофарм Работник. Битолскиот тим продолжува со своето засилено темпо на засилувања, откако ги договори услугите на искусниот лев бек. Чутура е ракометар со богато искуство, а реализацијата на овој трансфер дојде откако пропаднаа преговорите со Наумче Мојсовски.

Станува збор за 37. годишен ракометар кој до минатата сезона играше во францускиот тим Шартр, а во својата кариера има играно и за Арате, Грањолерс Ваљадолид, Бенфика, како и катарските Ал Ахли и Ел Кијада.

Најново во Ракомет