Вардар покажа кој е кој во Битола

„Црвено-црн“ триумфален марш против Работник

Вардар на гостински терен во Битола против Еурофарм Работник, очекувано немаше проблеми и дојде до првата победа во плеј-офот од 24:19

објавено: 12 април 2017 - 20:16

Актуелниот првак на Македонија, Вардар дојде до првата победа во плеј-офот од Супер лигата. „Црвено-црните" во мечот од второто коло, на гостински терен, очекувано триумфираше над Еурофарм Работник и тоа со 24:19.

По освоената СЕХА титула, вардарци се вратија на домашните активности, каде што за противници имаат битолски тимови. Денеска минаа со триумфален марш во Битола. Јасно беше дека тимот на Раул Гонзалез не смее да се „коцка" во плеј-офот, по поразот во дербито против Металург.

Уште по првиот дел, гостите обезбедија два голови предност, односно на паузата се замина со резултат 12:14. Сепак, во продожението одбраната на Вардар му допушти на Еурофарм Работник да постигне само седум голови.

Нападот, пак, остана на иста висина и постигна 10 погодоци. Најефикасен на овој меч беше Иван Чупиќ со седум голови, додека кај домаќините Лазо Мајнов беше стрелец на шест.

Вардар дојде до првата победа во плеј-офот. Утре, шампионот ќе има домашна задача против Пелистер во меч кој се игра од 15:00 часот.

Најново во Ракомет