Очекувано и убедливо

Да се знае кој е шампион - Вардар го декласира Еурофарм (38:29)

Европскиот првак Вардар нема достојна конкуренција во домашното првенство, а вечерва го потврди суперквалитетот со убедлив триумф против Еурофарм Работник со 38:29

објавено: 30 март 2018 - 19:46

Европскиот првак Вардар нема достојна конкуренција во домашното првенство, а вечерва го потврди суперквалитетот со убедлив триумф против Еурофарм Работник со 38:29.

Во меч од втората рунда во домашниот плејоф шампионите ја прокнижија втората победа и тоа многу лесно. Дилемите, ако воопшто ги имаше, вардарци ги разрешија уште по првото полувреме што го добија со десет голови разлика, 18:8.

Потоа разликата порасна и до максимални плус 15, но битолчани успеаја да намалат на едноцифрена разлика.

Поповски со 8 голови беше најефикасен кај победничката екипа, а 7 постигна Криштопанс.

Вардар ќе паузира со натпреварите во домашното првенство во следниот период, бидејќи следува пауза поради ЕХФ неделата предвидена за репрезентациите, а потоа ќе игра на фајналфор турнирот во СЕХА лигата.

Најново во Ракомет