ИГРАЧИТЕ НА МЛАДОСТ БАРААТ ОДГОВОРИ

Дали и понатаму ќе има суперлигашки ракомет во Богданци?

Со огромни проблеми се соочува некогаш силниот состав на Младост.

објавено: 11 август 2017 - 17:45

Тимот на Младост од Богданци, кој лани, со одличен настап во Првата лига, се избори за пласман во најквалитетното македонско друштво, во пресрет на новата сезона се соочува со големи проблеми. Ракометарите кои лани ја носеа играта на тимот од југот на Македонија, се огласија со соопштение, со кое ја повикуваат управата да ги разреши дилемите што ги имаат. Во соопштението интегрално стои:

„Ние, играчите на РК Младост, од најмлади до најстари, цела 2016-2017 година се боревме за Богданци и за Младост со цел да го оствариме овој резултат кој Богданци го чекаше речиси девет години. Не штедејќи се, од љубов, без никакви примања, успеавме да ја оствариме нашата, а и ваша цел - враќање на клубот во Суперлигата, каде што беше и порано.
Во меѓувреме, поради финансии за почетокот на новата сезона, излегоа разни муабети околу иднината на клубот, како и нашата иднина како играчи. Затоа Бараме од вас, управата на клубот, што побрзо решавање на финансискиот проблем доколку го има и започнување на подготовките за новата сезона, која богданчани, а и ние, играчите, едвај ја чекаме за остварување нови предизвици и резултати.
Ние, играчите, нема да дозволиме нашиот успех и резултат да бидат занемарени, бидејќи само ние знаеме како и на кој начин го одевме патот до овде за остварување на овој резултат!!

Најново во Ракомет