ДЕФИНИТИВНО ШПАНСКИОТ ТАНДЕМ СИ ЗАМИНУВА

ПОТВРДЕНО: Житников е замената за Циндриќ, Вардар договори уште двајца играчи

Само во прашање се денови кога Пик Сегед и официјално ќе ги промовира Жоан Кањелас и Хорхе Македа. 

објавено: 19 април 2018 - 17:25

Продолжуваат заминувањата од Вардар, но истовремено и градењето на „костурот“ на тимот за следната сезона. Шпанскиот тандем Жоан Кањелас и Хорхе Македа по завршување на сезоната дефинитивно ќе ги напуштат „црвено-црните“, прашање се денови кога Пиг Сегед и официјално ќе ги промовира. 

За разлика од Македа на кого договорот му истекува ова лето, Кањелас спогодбено ја раскина соработката со актуелниот европски шампион, бидејќи има обврска уште една година.

Тука не застануваат новитетите. „Спортмедиа“ доби потврда, Вардар договори две од четирите најавени руски интернационалци. Станува збор за Дмитри Житников, кој ќе биде замена за Лука Циндриќ, кој се сели во Келце. Рускиот репрезентативец е член на Пик Сегед.  

Во пакет со Житников доаѓа и Дмитри Киселев. Десниот бек на Санкт Петерсбург ќе ја потполни позицијата на Хорхе Македа. 

Засега е договорен и српскиот голман Дејан Милосављев. Чуварот на мрежата на Партизан доаѓа на местото на искусниот Арпад Штербик. Станува збор за извонреден млад голман кој има 21 година и кој беше трет чувар на мрежата на Србија на ЕП во Хрватска. Милосављев е роден во Војводина каде живеат голем број на наши иселеници и токму тој потекнува од фамилија која има наши корени.

Покрај овие ракометари за следната сезона е потврден Харбок, а договорот го продолжи и капитенот Стоилов.

Најново во Ракомет