ЗАКАЖАН ПРВИОТ "СУДИР" НА ГОЛЕМИТЕ РИВАЛИ ВО ПЛЕЈОФОТ

Дербито Вардар-Металург се игра в петок

Вардарци кои се домаќини в петок, 16 часот ќе го пречекаат Металург во "Јане Сандански"

објавено: 30 април 2018 - 17:26

Првото соочување на големите ривали Вардар и Металург во суперлигашкиот плејоф е закажан за в петок, 16 часот во СЦ "Јане Сандански", во рамките од 5. коло.
Вардарци кои поради четвртфиналните дуели со Кил во Лигата на шампионите ги одложија сите обврски во домашното првенство, неделава ќе имаат и тоа како набиен распоред. Во пет дена "црвено-црните" играат три натпревари, попладнево со Пелистер во Битола, в среда му гостуваат на Пролет, додека в петок пред својата публика ќе го пречекаат Металург.

Најново во Ракомет