БЕКОТ СЕ ВРАТИ ВО БИТОЛА

Дрогришки потпиша за Еурофарм Работник

Македонски репрезентативец, Стефан Дрогришки во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник.

објавено: 3 октомври 2017 - 21:00

Македонски репрезентативец, Стефан Дрогришки го напушти Металург и во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник. 

Откако бекот ниту оваа сезона не ја доби посакувната минутажа во дресот на тимот од Автокоманда побара да си замине и повторно да се врати во Битола, но во составот на Работник, кој пак во него гледа вистинско засилување за настапите во Супер-лигата и Челинџ Купот.

Дрогришки потекнува од школата на Пелистер, а во последните две сезони го носеше дресот на Металург. На последното Светско првенство во Франција, Дрогришки настапуваше за македонската ракометна репрезентација.

Најново во Ракомет