Битола експрес

Еурофарм на турбо погон - Во еден ден победи на два меча за пласман на завршниот турнир во купот

Еурофарм Работник приреди подвиг со две победи во ист ден и се пласира на завршниот турнир во битката за пехарот во националниот куп

објавено: 20 април 2018 - 22:02

Еурофарм Работник приреди подвиг со две победи во ист ден и се пласира на завршниот турнир во битката за пехарот во националниот куп.

Битолчани на свој терен во групата ги победија најпрво ракометарите на Прилеп со 36:21, а потоа беа подобри и од Радовиш и славеа со 28:25.

Противниците на Еурофарм Работник ќе бидат познати по завршувањето на двата турнири во Скопје, а завршниот турнир за трофејот во купот ќе се игра на 19. и 20. мај.

Најново во Ракомет