БИТОЛСКИОТ ТИМ ДОНЕСЕ УШТЕ ЕДЕН ИСКУСЕН ИГРАЧ

Еурофарм Работник се засили со Кукоски

Македонскиот репрезентативец, Милорад Кукоски е ново засилување на битолскиот тим Еурофарм Работник

објавено: 12 септември 2017 - 17:38

29-годишниот Стружанец, кој има 33 настапи за македонската репрезентација, потпиша едногодишен договор, откако минатата сезона настапуваше за романскиот тим Одорхеј. Првиот настап за новиот тим, финалистот од Купот на Македонија му е денеска против Вардар во Суперкупот. Кукоски претходно има настапувано за Вардар, Металург и Пелистер.

Ова е ново засилување за Еурофарм, откако претходно во тимот дојде Ојлески, како и поранешниот младински репрезентативец, Филип Ивановски.

Најново во Ракомет