АЛЖИРЕЦОТ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ЈА ЗЕМЕ ШЕНГЕН ВИЗАТА

Гедбан ќе има излез за во Европа

Македонскиот првак, Вардар во комплетен состав ќе отпатува на гостувањето кај Келце во ракмите на петото коло во Лигата на шампионите. 

објавено: 10 октомври 2018 - 08:30

Еден месец откако потпиша договор со Вардар, Калифа Гедбан конечно ќе може да патува со тимот за мечевите од Лигата на шампионите. Младинскиот репрезентативец на Алжир денеска треба да ја добие шенген визата која е единствениот предуслов да патува во Европа.

Гедбан на голот на македонскиот првак дебитираше во СЕХА-лигата, на дуелот со Војводина, запиша девет одбрани и најави дека ќе биде добра замена за Дејан Милосављев, кој од стартот на сезоната сам го носи целиот товар. Новиот чувар на мрежата беше во составот и за натпреварот со Рајн Некар, но не доби шанса.

Доколку денеска конечно ја добие шенген визата дебито во ЛШ може да го има во недела во Келце. Мечот е закажан со почеток во 17 часот.

Најново во Ракомет