ВО БИТОЛА ПРИСТИГНА НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ

Хрватот Лука Ковачевиќ една година во Еурофарм Работник

Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, а тоа е хрватскиот интернационалец, Лука Ковачевиќ.

објавено: 12 јули 2017 - 12:21

Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, а тоа е хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ, кој потпиша едногодишен договор. Се работи за играч кој игра на позицијата десен бек и доаѓа од Викинг Ставангер од Норвешка.

25-годишниот, Ковачевиќ во својата кариера настапувал уште и за ОИФ Арендал Елите. Тој е второто големо засилување, по црногорскиот кружен напаѓач Чампар.

Со хрватската репрезентација до 18 години има сребро на Медитеранските игри и бронза од младинските Олимписки игри.

Еурофарм Работник до сега ги потпиша уште и Ивановски и Ојлески.

 

Најново во Ракомет