ЈАГАЊАЦ И НЕКСЕ ГО СПАСИЈА МЕТАЛУРГ

Хрватскиот репрезентативец ја напушти Автокоманда

Левиот бек одлучи да ја прифати понудата на Нексе, а од друга страна македонскиот вицешампион дебело ќе заработи, односно 120.000 илјади евра.

објавено: 18 октомври 2018 - 19:55

Серијата слаби резултати на Металург од почетокот на сезоната си го прави своето, а клубот е свесен дека мора нешто под итно да се направи во следниот период, секако и од финансиски аспект.

Првиот чекор го направи Халил Јагањац, кој досега беше еден од главните носители во играта на „сино-белите" и во СЕХА и во Лигата на шампионите.

Еден од најталентираните млади ракометари на светот се договорил со екипата од Нашице која дефинитивно ќе добие големо засилување за продолжението од сезоната. Претходно за него биле заинтересирани уште Мешков Брест, Келце и Загреб.

Претходно објавивме дека и други играчи добиваат понуди кои исто така би можеле да си заминат...Повеќе прочитајте ТУКА

 

Најново во Ракомет