КАПИТЕНОТ Е ПРИМЕР ЗА СИТЕ СПОРТИСТИ

Иако полни 38 години и натаму е страв и трепет: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КИРЕ ЛАЗАРОВ

Капитенот на нашата репрезентација и член на Нант, Кирил Лазаров денеска полни 38 години. 

објавено: 10 мај 2018 - 10:44

Иако капитенот на нашата репрезентација и член на Нант, Кирил Лазаров денеска полни 38 години, тој е пример за врвен спортист. Македонскиот „бомбардер“ и натаму е страв и трепет за противничките голмани, а речиси секоја сезона се запишува во историјата на големите натпреварувања.

Оваа година во Келн тој ќе влезе како единствениот ракометар кој со четири различни тима бил дел од завршницата на фајнл-форот. Претходно во завршницата на ЛШ беше со Сиудад Реал (2010/2011), Атлетико Мадрид 2011/2012 и Барселона (2014/2015) со која успеа да се искачи на европскиот ракометен врв. Четвртиот тим е Нант, кој за првпат во историјата ќе биде дел од Ф4.

Да не заборавиме дека Лазаров и натаму е прв стрелец во Лигата на шампионите и така ќе се остане оваа сезона, па најверојатно и следната. 

Редакцијата на „Спортмедиа“ му го честита роденденот на Кире и му посакува уште многу добри игри и успех, како на клупски така и на репрезентатвен план.

„СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КИРЕ“...

 

Најново во Ракомет