МЕТАЛУРГ ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Јагањац: Го направив најдобриот потег, веќе ја почуствував семејната атмосфера

Халил Јагањац кој веќе десетина дена тренира со Металург, од денеска и официјално е нов играч на тимот од Автокоманда. Младиот и талентиран бек-шутер е уште една опција на левата бековска позиција во тимот на Лино Червар.

објавено: 30 август 2017 - 15:20

Халил Јагањац кој веќе десетина дена тренира со Металург, од денеска и официјално е нов играч на тимот од Автокоманда. Младиот и талентиран бек-шутер е уште една опција на левата бековска позиција во тимот на Лино Червар.

"Пред се, би сакал да кажам дека сум пресреќен што дојдов во Металург, бидејќи од повеќе причини сметам дека го направив најдобриот потег во мојата досегашна кариера. Иако сум овде само неколку дена, одлично сум примен од моите нови соиграчи и од управата на клубот и веќе можам да ја почувствувам семејната атмосфера што владее во овој клуб, што за мене е многу важно.

 

 

Дојдов овде затоа што знам дека се работи за млада и амбициозна екипа, во која младите ракометари брзо и правилно се развиваат, екипа која игра во две, за мене, најсилни лиги на светот – Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. Секако, една од најважните причини за моето доаѓање е и Лино Червар, кој е светски признат ракометен специјалист. Сметам дека ниту еден друг тренер не би можел повеќе да ме научи, да ме унапреди и да ме насочи во оваа фаза од мојата ракометна кариера.

 

Металург навистина се потруди за да ме доведе во своите редови и затоа сум му многу благодарен на клубот и на неговата управа и му се радувам на секој ден минат во Металург и во Скопје", изјави за сајтот на Металург.

 

Најново во Ракомет