Уште една ракометарка на Вардар си најде нов клуб

Кликовац се сели во Унгарија, ќе игра за Кишварди

И Андреа Кликовац си заминува од Вардар, а веќе си најде нов клуб и од идната сезона ќе игра во унгарскиот Кишварди, објавија црногорските медиуми

објавено: 17 април 2018 - 15:13

И Андреа Кликовац си заминува од Вардар, а веќе си најде нов клуб и од идната сезона ќе игра во унгарскиот Кишварди, објавија црногорските медиуми.

Женскиот ракометен клуб Вардар ќе има сосема нов лик од идната сезона и им даде зелено светло на сите ракометарки да си побараат нови клубови. Меѓу нив е и Кликовац, која ќе им биде конкурент на неколку свои клупски колешки од Вардар, кои потпишаа за унгарски тимови.

Амандин Лејно од идната сезона ќе брани за Ѓер, а Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова ќе играат за Шиофок.

Најново во Ракомет