ДРОГРИШКИ: ДА СЕ КОНСОЛИДИРАМЕ И ОДИМЕ НАПРЕД КОН ПЛЕЈ-ОФОТ

Котевски: Бутел покажа дека знае ракомет - благодарност до битолската публика!

Во 11. коло од машката ракометна Суперлига екипата на Пелистер славеше против Бутел со минимален резултат 29:28 во битката за плеј-офот во салата „Боро Чурлевски", Битола.

објавено: 2 декември 2018 - 17:23

Најефикасни кај „зелено-белите" беа Стефан Дрогришки и Милан Поповиќ со по осум голови, а на спротивната страна за екипата предводена од Игор Котевски доминираше Горан Печенковски со седум погодоци.

Битолчанецот и поранешен играч на Пелистер, Котевски доби овации на крајот од натпреварот од страна на присутната публика.

„Заслужена победа на Пелистер, ја сакаа повеќе победата од нас, ние покажавме дека знаеме ракомет и сме на тоа место на кое што треба да бидеме. Втори на табелата зад Еурофарм, се надеваме дека битолската публика уживаше во натпреварот и благодарност за големата поддршка. Поздрав Битола", беа зборовите на Котевски.

Освен тоа што беше прв стрелец за својата екипа, Дрогришки беше прогласен и за играч на натпреварот:

„Добро е што забележавме победа, макар што беше и потешко од очекувањата. Им честитам на моите соиграчи исто така и на публиката, за огромната поддршка и покрај лошиот старт. Тука беа за нас да не поддржат, ни дадоа ветер во грбот кога ни беше најпотребно и мило ми е што каква таква е победата. Имаме уште еден натпревар, потоа не чека зимска пауза каде што ќе имаме подготовки каде што можеме да се консолидираме и одиме напред кон плеј-офот", вели Дрогришки.

На табелата Пелистер е на третата позиција после седмата победа сезонава со 23 бодови, зад второпласираниот Бутел (27), а водечки е Еурофарм Работник (31).

Најново во Ракомет