ГИ ПРОДОЛЖИЈА ДОГОВОРИТЕ

Крсте Андоновски и Иван Тасески остануваат верни на охриѓани

И Охрид стартуваше со формирање на екипа за следната сезона. Челниците на клубот за почеток ги продолжија договорите со капитенот Крсте Андоновски и пивотменот Иван Тасески.

објавено: 27 јуни 2018 - 14:27

И Охрид стартуваше со формирање на екипа за следната сезона. Челниците на клубот за почеток ги продолжија договорите со капитенот Крсте Андоновски и пивотменот Иван Тасески.

„Ќе се потрудиме да направиме респектабилен тим со домашни играчи кој ќе брка пласман во плејофот. Конкуренцијата за четирите места следната сезона ќе биде голема и сигурно ќе се води жестока битка за секој бод ширум терените во Македонија“, изјавија од клубот за Ohrid News.

Тимот претходно го напуштија Јовица Младеновски и Бојан Спасовски кои заминаа во Бутел, Благојче Трајкоски (Еурофарм Работник) и Марко Кобетиќ кој вчера потпиша за Пелистер.

ФОТО: Ohrid News

 

Најново во Ракомет