ЖРК Вардар ја освои првата титула сезонава

Купот и оваа година е обоен во „црвено-црно“

Првакот, како што и се очекуваше немаше проблеми против Металург каде што во финалето денеска го совлада со 45:19

објавено: 20 мај 2017 - 13:58

ЖРК Вардар ја освои првата од двете планирани титули сезонава. „Црвено-црните" успеаја да го одбранат насловот во купот на Македонија, откако денеска во финалето имаа само полесен меч против Металург, кое го добија со 45:19.

Сите дилеми беа решени веќе по првиот дел каде што вардарки имаа водство од 21:10.

За МВП на овој фајнл-фор турнир во Автокоманда беше прогласена Александра Лакрабер, додека, пак, најефикасна е Сара Ристовска. Голманката на Металург, Матеа Серафимова го доби признанието за најдобар чувар на мрежатa.

Веќе во понедленик, ЖРК Вардар ќе има можност да ја одбрани и втората титула во Македонија, бидејќи се игра завршницата од домашниот шампионат.

Најново во Ракомет