ПОВРЕДАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПРОБЛЕМ СО КОЈ СЕ СООЧУВА БЕКОТ

Кузмановски уште три недели во „аут“?

Филип Кузмановски ќе биде надвор од терените подолго од очекуваното. Повредата на стапалото не е единствената причина поради која репрезентативецот нема да биде во составот на Металург, тој мака мачи и со вирусна инфекција. 

објавено: 12 октомври 2017 - 11:35

Филип Кузмановски ќе биде надвор од терените подолго од очекуваното. Повредата на стапалото не е единствената причина поради која репрезентативецот нема да биде во составот на Металург, тој мака мачи и со вирусна инфекција.

Кузмановски нема само што нема да отпатува со тимот од Автокоманда на гостувањето кај Чеховски Медведи во рамките на петото коло во Лигата на шампионите, тој нема да биде во составот на Металург за дуелот против Горење во СЕХА-лигата закажан за 18 октомври. Нема да биде изненадување доколку не му биде на располагање на селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез за ЕХФ-неделата.

Кам-бекот на средниот бек може да се очекува на почетокот на ноември.

 

 

Најново во Ракомет