„Гладијаторите“не се шегуваат

Квартет нови договори во РК Охрид

Верноста кон овој клуб ја продолжија Хрватите Јосип Кежиќ и Марко Кобетиќ, крилото Бобан Блажевски и голманот Александар Стојановски

објавено: 16 февруари 2017 - 17:35

Ракометниот клуб Охрид влегува со големи амбиции во вториот дел од сезоната а како доказ за тоа е и продолжувањето на договорите со четири ракометари. Верноста ја продолжија Хрватите Јосип Кежиќ и Марко Кобетиќ, крилото Бобан Блажевски и голманот Александар Стојановски.

Новиот претседал на РК Охрид, Љупчо Танески изрази задоволство од продолжувањето на договорите со четирите играчи.

„Пред официјално да ја продолжиме соработката со играчите отворено поразговаравме за се во клубот и во најбрз можен рок ќе ги удоволиме нивните потреби. Многу ми е мило што најдовме заеднички јазик со четирите играчи, а договор понуден им е и на останатите ракометари кои сега се дел од клубот".

Покрај новите договори, Охрид стипендираше осум младинци кои под палката на Наум Бабачев се натпреваруваат во пионерската и младинската лига, а повремено се дел и од сениорската екипа. Договор за четиригодишно стипендирање потпишаа Наум Костов, Мартин Иваноски, Јован Трајкоски, Николче Ристески, Душко Тасески, Даниел Андоновски и Кристијан Димитриески.

Најново во Ракомет