ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО ТАБОРОТ НА БИТОЛЧАНИ

Лазаров и Јагуриновски го засилија Пелистер

Екипата на Пелистер продолжува со создавање на ростерот за новата сезона, во која има поголеми амбиции.

објавено: 22 јули 2017 - 14:05

Екипата на Пелистер продолжува со создавање на ростерот за новата сезона, во која има поголеми амбиции. Нови имиња во таборот на битолчани се македонските репрезентативци Филип Лазаров и Томи Јагуриновски.

Лазаров по една сезона мината во романскиот шампионат, поточно во Темишвар, повторно се враќа во домашниот шампионат, но како играч на Пелистер. Јагуриновски, кој во моментов е со младинската репрезентација на СП во Алжир, тој доаѓа од тимот на Еурофарм Работник.

Претходно Пелистер го потпиша голманот Милош Рајчиќ, како и Теимураз Орјоникидѕе. Во дресот на Пелистер уште ќе ги гледаме Бојан Маџовски, Реваз Чантурија, Златко Везенковски, Кире Митревски, Васко Димитровски и Никола Ивановски.

Стратегот на Пелистер, Стевче Алушовски првата прозивка ја закажа за 26. јули.

Најново во Ракомет