РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СЕ ДОГОВОРИ СО БЕШИКТАШ

Лазаров со кратка авантура во Битола

Македонскиот репрезентативец, Филип Лазаров по само неколку месеци одлучи да го напушти Пелистер, причината е недоливата понуда од шампионот на Турција. 

објавено: 5 октомври 2017 - 16:19

Кратко траеше престојот на Филип Лазаров во Битола. Македонскиот репрезентативец по само неколку месеци одлучи да го напушти Пелистер и својата кариера да ја продолжи во странство, поточно во Турција.

Лазаров во следните неколку дена треба да биде промовиран како ново засилување на Бешикташ за кото настапува повремениот репрезентативец, Немања Пробак. Турскиот шампион оваа сезона се натпреварува во Лигата на шампионите и е заедно во група со Металург.

Со заминувањето на Лазаров битолчани останаа без својот најдобар играч, кој беше прв стрелец во домашното првенство.

Репрезентативецот минатата сезона настапуваше за Политехника Темишвар од Романија, а го носеше дресот уште на Вардар и Металург.

Најново во Ракомет