Првакот, очекувано немаше проблеми

ЛЕСНО ДО ФИНАЛЕТО: Вардарки броеја до 56 против Гевгелија

„Црвено-црните" имаа полесен тренинг во полуфиналето бидејќи Гевгелија не е тим кој може да им парира. Победа од 56:16 и закажано финале против ЖРК Металург утре напладне

објавено: 19 мај 2017 - 17:27

Екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Металург ќе ги одмерат силите во утрешното куп финале на Македонија. Актуелниот шампион и тимот кој не би требало да има проблеми во одбраната на двојната круна, ЖРК Вардар во полуфиналето ја „прегази" Гевгелија со 56:16.
Вардарки праклтично ја „истурија" лутината од неправедниот пораз во финалето на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите над својот денешен противник. Додека, пак, од спротивната страна, колективот од Гевгелија едноставно немаше квалитет да се спротистави на овој супер-квалитетен тим.
Сара Ристовска и Камила Херем кои постигнаа по 17 гола.
Финалето меѓу Вардар и Металург на завршниот турнир од купот на Македонија се игра во салата „Автокоманда", а почетокот е 12:30 часот.

Најново во Ракомет