Хрватот барем засега не ја менува клупската средина

Лино Червар останува во Металург

Хрватот попладнево имаше средба со сопственикот на клубот, Минчо Јорданов во која беше одлучено тој да остане на функцијата тренер во Металург

објавено: 20 март 2017 - 19:33

Лино Червар ќе остане тренер на Металург. Хрватскиот стратег попладнево имаше состанок со сопственикот на клубот, Минчо Јорданов, на кој беше донесена одлука за останување како предводник на тимот.

Некогашниот македонски селектор, кој оваа функција ја напушти пред осум дена и се одлучи да ја презеде Хрватска, го доби тоа што го побара од раководството на вицепрвакот.Трпение.

Сепак, сè уште не е познато тоа останување до кога ќе биде.

Покрај ситуацијата со Червар, Металург има уште еден проблем кој до крајот на неделата треба да го реши, а тоа се неисплатените плати на ракометарите. Но, очигледно е дека и на тој проблем ќе му дојде крајот, па така раководството ќе може полека да се фокусира на играчкиот кадар, односно финансиите за во идната сезона. Дали тоа ќе биде под палката на Червар, или некоја негова замена, останува да се види.

Најново во Ракомет