Откако пропаднаа преговорите со Вугринец

Мајнов е „пикот“ на Работник за позицијата десен бек

После пропаднадите преговори со Вугринец, битолскиот тим пја продолжува својата потрага за десен бек а изборот очигледно пад на поранешниот репрезентативец

објавено: 15 октомври 2016 - 11:46

Десниот бек Лазо Мајнов во наредните денови треба да биде претставен како нов ракометар на Еурофарм Работник. Поранешниот наш репрезентативец ќе биде новото име во битолскиот тим кој во оваа сезона има високи амбиции. Преговорите се во тек а според последните информации во наредните денови ќе биде и официјализиран трансферот.

Мајнов до летово настапуваше во Одорхеи и од тој момент константно беше поврзуван со екипи од Романија Унгарија и Катар, но од тоа очигледно нема да биде ништо.
Битолчаните преговараа во еден момент со Ренато Вугринец за пополнување на таа позиција, но не се договорија.

Најново во Ракомет