ДЕСНИОТ БЕК СО НОВ ДОГОВОР

Мајнов останува во Еурофарм Работник

Десниот бек на Еурофарм Работник, Лазар Мајнов го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш на уште една сезона.

објавено: 18 јули 2017 - 17:47

Десниот бек на Еурофарм Работник, Лазар Мајнов го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш на уште една сезона.

„Поранешниот репрезентативец одигра одлична сезона за битолчани и управата тоа го препозна и му понуди нова соработка. Денес беше потпишан договорот и официјализирана соработката. Искусниот Мајнов и во иднина ќе биде ударна игла на Еурофарм Работник. Со овој потег продолжува процесот на обновување на договорите на клубот со своите најважни ракометари“, велат од таборот на Еурофарм Работник.

Еурофарм Работник денес го дозна името на својот европски противник и во третото коло на Челинџ Купот ќе се сретне со литванскиот тим Гранитас Карис од Литванија.

Најново во Ракомет