ОЧЕКУВАНА РАЗВРСКА

Металург е втор патник на Ф4 во Купот на Македонија

Металург со 29-24 ја доби пресметката со Пролет и се пласираше во завршницата од Купот

објавено: 21 април 2018 - 22:27

Екипата на Металург е вториот патник на Ф4 завршницата во Купот на Македонија, откако во финалето од групата 4 го совлада Пролет со 29-24. Избраниците на Александар Јовиќ во првиот дел имаа големи проблеми, кои имаа и водство од 5-7, а потоа на полувремето имаа негатива од 13-11.

Квалитетот на тимот од Автокоманда дојде во второто полувреме, кое го доби со 16-12. Халил Јагањац со 10 погодоци беше најефикасен, два помалку иамше Филип Кузмановски. На другата страна Мартин Манасков имаше девет гола. 

Најново во Ракомет