Остварени најавите за трансферот на српскиот ракометар

Металург го потврди трансферот на Вања Илиќ

Српскиот ракометар и нашиот тим успешно ги завршија преговорите и ставија параф на договор до крајот на сезоната, а доколку двете страни се задоволни тогаш истиот може да биде и продолжен

објавено: 13 октомври 2016 - 15:32

Како што и се најавуваше, Вања Илиќ до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Металург. Српското лево крило доаѓа како замена за Мартин Марчец кој ќе се опоравува до крајот на сезоната.
Илиќ и Металург потпишаа договор со времетраење до крајот на оваа натпреварувачка година, но, истиот може да биде продолжен доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Србинот сезоната ја почна како ракометар на Партизан, каде што во неговиот договор стоеше дека доколку дојде до понуда од странство, тогаш неговите раце ќе бидат „одврзани" за преговори.

Во минатата година Илиќ беше дел од проектот на Работнички но очигледно дека тоа беше само добра идеја само на хартија.

Најново во Ракомет