ИГРАЧИТЕ И КЛУБОВИТЕ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ

Металург и Пелистер се трампаа: Кузмановски вреди колку Маркудов, Маџовски и Даниловски

Во намерата да се стигне до играч кој може да се вклопи во визијата на клубот и тренерот, Металург и Пелистер направија трампа, со која средниот бек на битолчани Филип Кузмановски замина во Скопје, а од таму беа испратени Борјан Маџовски, Андреј Маркудов и Никола Даниловски на „печалба" во Битола.

објавено: 9 август 2015 - 13:22

Размената „тројца за еден" е веќе реализирана, и играчите тренираат со своите нови клубови. Останува уште да се решат административните работи и ракометарите да бидат регистрирани за официјални настапи.

Во целата можна трампа, единствено „отпадна" Кристијан Давитковски кој не доби исписница за заминување.
Металург реши да отстапи тројца помлади ракометари за да го донесе талентираниот Кузмановски со цел да создаде конкурентен тим, а Пелистер со тројцата играчи ќе има и подолга клупа.
Така сите се „среќни и задоволни".

Најново во Ракомет