ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

Металург (из)губи уште еден талент: Маџовски продолжува во Пелистер!

Младинскиот репрезентативец Борјан Маџовски си заминува од Металург откако се договорил со управата на битолскиот ракометен клуб Пелистер кариерата да ја продолжи во шесткратниот македонски првак.

објавено: 29 јули 2015 - 15:27

Според информациите од Битола, Маџовски, кој игра на позицијата лев бек имал неколкунеделни преговори со Пелистер, а сега сите детали веќе биле договорени. Се очекува во почетокот на наредната недела младинскиот репрезентативец да го стави потписот со битолскиот суперлигаш.

„Се договоривме на една година, со можност потоа да ја продолжиме соработката. Заминувам за Битола со надеже дека ќе имам поголема минутажа на терен, изјави Маџовски.

Маџовски ќе биде четврто засилување во овој преоден рок за новиот Пелистер по Арсиќ, Топиќ и Митревски. Планот на пелистерци е да ја комплетираат екипата до првата прозивка закажана за на 5 август. До тогаш треба да пристигнат уште два-три ракометари, а блиску до договор со екипата е и Раде Стојановиќ.

Најново во Ракомет